Што е Lactil®?

Ваша помош при доењето

Lactil® е додаток во исхраната од растително потекло. Содржи обичен анасон и сладок анасон, кои придонесуваат за создавање на млеко кај доилките. Употребата на капсули е едноставна бидејќи не бара посебна подготовка. Капсулите Lactil® се исто така практични кога Вие и Вашето бебе сте на пат.

Совети за доење

Доколку сакате да знаете колку често треба да доите и која е вистинската тежина на вашето бебе во првите недели по раѓањето, тогаш треба да ја прочитате брошурата со многу корисни совети, кои можете бесплатно да ги погледнете со клик на копчето подолу.

Како функционира Lactil®

Капсулите Lactil® содржат екстракт од обичен анасон и сладок анасон, кои придонесуваат за создавање на млеко кај доилките.

Обичен анасон

Обичниот анасон бил ценет уште од античките Грци и Египќани. Денес младите листови се користат како зеленчук, плодовите како зачин, есенцијалното масло за правење бонбони и алкохолни пијалоци, како и во индустријата за парфеми. Компонентите на есенцијалното масло помагаат при ублажување на разни проблеми. Меѓу другото, обичниот анасон го стимулира создавањето млеко кај доилките.

Сладок анасон

Слаткиот анасон е едногодишно растение кое расте до висина од околу 50 см. Во Египет бил култивирано растение уште пред четири илјади години. Аромата на анасон ја има во храната, козметиката, парфемите, бонбоните и алкохолните пијалоци, па на сите им е добро позната. Плодовите на слаткиот анасон содржат етерично масло кое има сладок вкус и карактеристичен мирис. Слаткиот анасон го стимулира создавањето на млеко кај доилките.

Капсулите Lactil® содржат обичен анасон и сладок анасон, кои придонесуваат за создавање млеко кај доилките.